Вечерва, со почеток од 20:45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, македонската фудбалска репрезентација ќе го игра еден од најважните натпревари во својата историја полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство против Данска.
Македонскиот тим ќе има нов селектор на клупата, Гоце Седлоски, кој ќе дебитира во најважниот меч во тренерската кариера. Седлоски го задржа костурот на тимот, врати неколку повратници и повика тројца дебитанти – Имран Фетаи, Дени Мусовски и Себастијан Херера. Единствено значајно отсуство е Алиоски поради повреда.
Данците имаат проблеми со повреди и нема да можат да сметаат на првите двајца голмани, Шмајхел и Јоргенсен, ниту на тројца од главните дефанзивци – Кристенсен, Доргу и Андерсен. Сепак, нивниот напад и среден ред остануваат квалитетни и опасни.
Слични новости
Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ
Никола Јокиќ го забележа својот 26-ти трипл дабл оваа сезона со 31 кош, 20 скокови и 10 асистенции, а Џамал Мари постигна 39 коша, од кои повеќето во второто полувреме кога Денвер направи преврт.
Новак Ѓоковиќ загуби од Џек Драјпер во осминафиналето на Индиан Велс
Ветеранот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс, откако беше поразен од Британецот Џек Драјпер со 6:4, 4:6 и 6:7. Неизвесната борба меѓу Ѓоковиќ и Драјпер траеше два часа и 35 минути.
По дебаклот на Манчестер Сити од 3:0 во Мадрид Пеп Гвардиола вели дека играле подобро од тоа што го покажува резултатот
Манчестер сити синоќа загуби со 3:0 на гостувањето кај Реал Мадрид во осмина финалниот меч од Лигата на шампионите, со блескава партија на Валверде кој ги постигна сите три гола за Реал.


