Венецуелски претседател Николас Мадуро ги обвини Соединетите држави дека сакаат да ја преземат контролата врз нафтените резерви на неговата земја со зголемено воено присуство.

Во писмо до Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во неделата, Мадуро навуедува дека Вашингтон сака да „ги преземе огромните нафтени резерви на Венецуела, потврдено најголемите во светот, со смртоносна воена сила“.

Ова го загрозува „регионалниот и меѓународниот мир, безбедност и стабилност“ и претставува закана за венецуелското производство и меѓународниот пазар на нафта, наведува венецуелскиот претседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја интензивираше својата реторика и мерки против јужноамериканската земја во последните седмици. САД распоредија дополнителни трупи во Карибите и го пренасочија најголемиот носач на авиони во светот „USS Gerald R Ford“, од Медитеранот придружуван од други воени бродови и бомбардер со долг дотел.

Според американската влада, целта на мисијата е борба против трговците со дрога. Американските власти тврдат дека досега се убиени повеќе од 80 лица во напади врз бродови за кои се тврди дека превезуваат дрога.

Мадуро рече дека САД концетрирале 15.000 војници и 14 воени бродови во Карипското Море, одговарајќи на извештаите на американските медиуми.

Мадуро го испрати писмото до OPEC ден откако Трамп изјави дека воздушниот простор на Венецуела треба да се смета за затворен. Според Reuters, Трамп во неделата потврдил дека разговарал со Мадуро, но не даде детали. Весникот The Wall Street Journal претходно објави дека Трамп во директен телефонски разговор со Мадуро прехтодната седмица му порачал на венецуелскиот претседател да се повлече од функцијата, заканувајќи се со употрена на сила.

„Не сакам да коментирам за тоа. Одговорот е ‘да’“, рече Трамп кога беше прашан дали разговарал со Мадуро, обраќајќи им се претставниците на медиумите во својот претседателски авион „Air Force One“.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе