Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Како што информира АМСМ, сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Оттаму покрај внимателно и совесно управување со возилата препорачуваат задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Слични новости
Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште
МВР веднаш извршило проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.


