Американскиот магазин Time во четвртокот за личност за 2024 година го прогласи Доналд Трамп, политичар избран по вторпат за претседател на САД по неколку судски пресуди и откако избегна два обида за убиство.
Републиканецот, кој изненадува со враќањето на политичката сцена, пишува магазинот, истото признание го доби и во 2016 година по првата неочекувана победа на претседателските избори кога ја победи фаворитот во анкетите, поранешната прва дама на САД и државна секретарка – демократката Хилари Клинтон.

„Денес сме сведоци на враќање на популизмот, зголемена недоверба кон институциите кои го дефинираа минатиот век и ерозија на верувањето дека прогресивните вредности ќе резултираат со подобар начин на живот за повеќето луѓе“, пишува уредникот на Time, Сем Џејкобс.
„Поради тоа што оствари историско враќање на политичката сцена, бидејќи донесе единствено политичко пренасочување, затоа што го преобликуваше американското претседателство и ја промени улогата на Америка во светот, Доналд Трамп беше избран од магазинот Time за личност на годината за 2024 година“, додаде Џејкобс.
Во четвртокот утрото на њујоршката берза се очекува и Доналд Трамп кој симболични ќе заѕвони со ѕвонецот.
Слични новости
Ал Шара ја формира новата сириска преодна влада
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја претстави новата преодна влада, што претставува клучен чекор во транзицијата од долгогодишното владеење на семејството на Асад во Сирија
Трамп: Не ми е гајле дали поскапуваат автомобилите
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата рече дека не ги предупредил директорите на автомобилската индустрија да не ги зголемуваат цените бидејќи стапуваат на сила царините за автомобилите од странско производство, велејќи за NBC News дека „не му е гајле“ доколк тие и го сторат тоа
Финскиот претседател Стуб во ненајавена посета на Трамп на Флорида
Финскиот претседател Александер Стуб пристигна во сабота во ненајавена посета на САД, каде што се сретна со претседателот Доналд Трамп, со кого, меѓу другото, разговараше и за зајакнување на билатералното партнерство меѓу двете земји, а двајцата претседатели одиграа и голф