Американскиот магазин Time во четвртокот за личност за 2024 година го прогласи Доналд Трамп, политичар избран по вторпат за претседател на САД по неколку судски пресуди и откако избегна два обида за убиство.

Републиканецот, кој изненадува со враќањето на политичката сцена, пишува магазинот, истото признание го доби и во 2016 година по првата неочекувана победа на претседателските избори кога ја победи фаворитот во анкетите, поранешната прва дама на САД и државна секретарка – демократката Хилари Клинтон.

„Денес сме сведоци на враќање на популизмот, зголемена недоверба кон институциите кои го дефинираа минатиот век и ерозија на верувањето дека прогресивните вредности ќе резултираат со подобар начин на живот за повеќето луѓе“, пишува уредникот на Time, Сем Џејкобс.

„Поради тоа што оствари историско враќање на политичката сцена, бидејќи донесе единствено политичко пренасочување, затоа што го преобликуваше американското претседателство и ја промени улогата на Америка во светот, Доналд Трамп беше избран од магазинот Time ​за личност на годината за 2024 година“, додаде Џејкобс.

Во четвртокот утрото на њујоршката берза се очекува и Доналд Трамп кој симболични ќе заѕвони со ѕвонецот.

globe

Слични новости

Турција го приведе адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул

Турција го приведе адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул

Турските власти го приведоа адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија (CHP)

Бела куќа: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Бела куќа: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето со Украина е определено од нејзиниот устав и народот на земјата, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, на прашањето за неговата реакција на рускиот претседател Владимир Путин во изјавата на рускиот претседател