Во првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите, Реал Мадрид на „Етихад“ го совлада Манчестер Сити со 3:2 со пресврт во финишот. ПСВ Ајндховен загуби од Јувентус со 1:2 во Торино, додека Борусија Дортмунд го совлада Спортинг со 3:0 во Лисабон, а со истиот резултат ПСЖ славеше над Брест во француската пресметка.

Во дербито на вечерта во Лигага на шампионите во првиот натпревар од плејофот, Реал Мадрид на гости го совлада Манчестер Сити со 3:2. На „Етихад“ беше видена пресметката на последните три европски шампиони, Реал славеше лани и во 2022 година, а Сити во 2023 година. Интересно е што ова е воедно четврта последователна сезона во која Сити и Мадрид се среќаваат во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Лани Реал славеше во четвртфиналето, пред две години Сити во полуфиналето, а во 2022 година Реал беше подобар во полуфиналето.

Пеп Гвардиола долго време не можеше да смета на повредениот Родри, додека Карло Анчелоти има големи проблеми со повредите. Лукас Васкез заработи нова повреда, а надвор од терените сѐ уште се Антонио Рудигер, Дани Карвахал, Едер Милитао и Давид Алаба.

Гостите подобро го почнаа мечот и неколкупати се заканија во првите 15 минути. Во 10. минута францускиот судија Клемент Турпен досуди пенал за гостите откако Едерсон го собори Винисиус, но ВАР-от го спаси Сити, бидејќи бразилскиот напаѓач при приемот на топката се наоѓал во милометарски офсајд. Само една минута подоцна, Винисиус одлично го проигра Мбапе кој шутираше во поблискиот агол, но Едерсон одбрани. Во 13. минута Едерсон веќе беше совладан по една прецизна акција на Реал, но последниот удар на Ферланд Менди го блокираше дефанзивецот Нејтан Аке.

 

Првата вистинска шанса Сити ја претвори во гол во 19. минута. Јошко Гвардиол ја започна акцијата проигрувајќи го Ерлинг Халанд во простор, норвешкиот напаѓач му додаде по страничната позиција на Џек Грилиш, кој ја додеде топката до натрчаниот Гвардиол, кој со гради му ја спушти на Халанд, а Норвежанецот конечно го постигна својот прв гол во петтиот меч против Реал. Реал можеше да израмни во 26. минута, но Винисиус Жуниор ја погоди гредата. Дефанзивецот на Сити, Мануел Аканџи, исто така, ја погоди рамката од противничкиот голт во 37. минута, како и Халанд во 47. минута.

Реал се закани во 55. минута, но Едерсон одлично го одбрани ударот на Мбапе. Во 61. минута францускиот напаѓач конечно израмни. Себаљос нафрли, а Мбапе лошо ја фати топката, но доволно за таа да го измами домашниот голман и да заврши во спротивната страна.

Сити дојде до ново водство во 80. минута. Дани Себаљос невнимателно го собори Фоден на самиот раб од шеснаесетниот, а Халанд го постигна својот втор гол на натпреварот од пенал. „Кралскиот клуб“ во 88. минута уште еднаш се врати во живот, а Брахим Дијаз го постигна израмнувачкиот гол. Едерсон лошо ја егажираше топката само до Џуд Белингем кој иницираше акција во која шутираше Винисиус, а одбиената топка од Едерсон покрај заспаните дефанзивци на Сити дојде до Дијаз кој ја спроведе во мрежата.

Токму кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, одбраната на Сити направи уште еден несфатлив кикс, па Реал постигна трет гол. Топката погрешно беше додадена до Винисиус а овој го проигра Белингем, кој погоди за победа на мадриѓаните. Реваншот е на 19, февруари во Мадрид.

Јувентус во Торино го совлада ПСВ Ајндховен со 2:1. „Старата дама“ поведе во 34. минута. Федерико Гати ја освои топката уфрлајќи ја пред голот, таа некако се одби до работ од шеснаесетникот каде натрча Вестон Меккени и постигна одличен гол за водство на домашните.

ПСВ израмни во 56. минута со голот на Иван Перишиќ. Ноа Ланг шутираше од левата страна, неговиот удар го блокираше Локатели, но топката во висок лак се одби до Перишиќ, кој одлично ја смири топката, со финта го измами Лојд Кели и со удар во поблискиот агол го совлада Микеле ди Грегорио.

Торинските „бјанконери“ го вратија водството дури во 87. минута. Франциско Консеикао се проби по десната страна и шутираше ниско пред голот, гостинскиот голман Валтер Бенитез кратко одбрани, а Самуел Мбангула ја спроведе во голот одбиената топка. Реваншот е на 19 февруари во Ајндховен.

Борусија Дортмунд во Лисабон го совлада домашниот Спортинг со 3:0 и направи голем чекор кон осминафиналето. Првата шанса на натпреварот домаќините ја имаа во 15. минута, но Максимилијано Араухо ја погоди гредата. Гостите поведоа во 60. минута. Џулијан Брант нафрли од десната страна, Серхоу Гуираси скокна највисоко и со глава го совлада Руи Силва.

Само осум минути подоцна европскиот вицешампион го постигна вториот гол. Овојпат асистент беше Гуираси, кој одлично нафрли од десната страна, а Паскал Грос погоди за 2:0. Победата на гостите ја потврди Карим Адејеми во 82. минута. Реваншот е на 19 февруари во Дортмунд.

Пари Сен Жермен го победи Брест со 3:0 на гости претходно во сезоната и практично обезбеди премин по првиот натпревар. Головите на гости ги постигнаа Витиња во 21. минута од пенал, а двоен стрелец беше Усман Дембеле во 45. и 66. минута.

Парижаните имаа уште неколку одлични шанси, а во 50. минута голот им беше поништен поради офсајд. Брест, кој домашните натпревари од Лигата на шампионите ги игра во Генгамп, најблиску до гол беше во 36. минута кога Андала Сима ја погоди стативата. Реваншот е на 19 февруари во Париз.

globe

Слични новости

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.

Барселона од 0:2 до победа на Метрополитано

Барселона од 0:2 до победа на Метрополитано

Во дербито на 28. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона ја надомести негативата од два гола на мадридскиот стадион „Метрополитано’ и го совлада домашниот тим Атлетико со 4:2