Германскиот авиопревозник Луфтханза одлучи да ја намали својата мрежа на рути летово со цел да ги намали трошоците поради драстичното зголемување на цените на горивото за авиони.

Во план е да бидат укинати 20.000 кратки летови, што е промена во стратегијата на германскиот превозник, кој дополнително се бори со непрофитабилните рути и последиците од штрајковите.

Луфтханза ја затвори подружницата Ситилајн која има 20 авиони и околу 1.300 работници.

Компанијата планира да заштеди 40.000 тони гориво, а вкупната понуда на концернот се намалува за еден отсто.

 

Слични новости

Словенија го ограничи купувањето гориво

Словенија го ограничи купувањето гориво

Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.