Германскиот авиопревозник Луфтханза одлучи да ја намали својата мрежа на рути летово со цел да ги намали трошоците поради драстичното зголемување на цените на горивото за авиони.
Во план е да бидат укинати 20.000 кратки летови, што е промена во стратегијата на германскиот превозник, кој дополнително се бори со непрофитабилните рути и последиците од штрајковите.
Луфтханза ја затвори подружницата Ситилајн која има 20 авиони и околу 1.300 работници.
Компанијата планира да заштеди 40.000 тони гориво, а вкупната понуда на концернот се намалува за еден отсто.
Слични новости
Откажување на летови поради кризата со керозин
Поради растот на цените на авиогоривото, повеќе авиокомпании веќе кратат линии, а се зголемува и ризикот од поскапување на билетите.
ЕУ размислува за делење авионско гориво меѓу членките поради кризата со керозинот
Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Германија подготвува мерки поради можен недостиг на керозин
Како што пренесува „Шпигел“, Мерц најави итно свикување на Националниот совет за безбедност за да се разгледа стратегијата за енергетска стабилност.


