Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година, а напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.

Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3:0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона досега 11.
Во финалниот избор за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.
Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.
Слични новости
Манчестер Јунајтед ќе игра против Реал Сосиедад во осмина финалето на Лига Европа
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе играат против Реал Сосиедад во дербито на осмина финалето на Лига Европа, додека Рома ќе игра против Атлетик Билбао.
НБА: Пресврт на Бакс против Клиперс, Нагетс со Јокиќ до деветтата победа со ред
Во својот прв настап по „Ол Стар“ викендот во НБА, Клиперс имаа поголема предност во текот на целиот натпревар, но во последните 12 минути Бакс беа подобри со 36:21, што беше доволно за пресврт на натпреварот
Конференциска Лига: Пафос ја доби кипарската пресметка, Борац ја елиминира Олимпија
Жестока беше кипарската пресметка меѓу Пафос и Омонија. Пафос го доби реваншот со 2:1 и се пласираше во осминафиналето со вкупни 3:2