Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година, а напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.

Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3:0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона досега 11.
Во финалниот избор за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.
Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.
Слични новости
АТП Доха: Дрејпер против Рубљев во финалето
Најдобриот британски тенисер Џек Дрејпер (АТП-16.) ќе се соочи со Русинот Андреј Рубљев (АТП-10.) во саботното финале на АТП 500 турнирот во Доха, откако во другиот полуфинален меч го победи Чехот Јиржи Лехечка (АТП-25.) со 3:6, 7:6(2), 6:3.
ВТА Дубаи: Андреева против Таусон за титулата
Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева (ВТА-14.) и 22-годишната Данка Клара Таусон (ВТА-38.) ќе се борат за победничкиот трофеј на ВТА 1000 турнирот во Дубаи во сабота
Мадридските клубови Реал и Атлетико во осмина финалето на Лигата на шампиони, а ПСЖ- Против Ливерпул
Во второто дерби ќе играат Ливерпул и Париз Сен Жермен. Ова е резултат на ждрепката одржана денеска во Нион.