Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година, а напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.

Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3:0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона досега 11.
Во финалниот избор за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.
Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.
Слични новости
Дончиќ со трипл дабл ги предводеше Лејкерс во победата врз својот поранешен клуб Далас
Словенечката суперѕвезда против својот поранешен тим оствари трипл дабл со 19 коша, 15 скокови и 12 асистенции.
Кристал Палас – Астон Вила 4:1
Фудбалерите на Кристал Палас убедливо ја совладаа Астон Вила со 4:1 на својот „Селхарст Парк“, во натпреварот од 27. коло на англиската Премиер лига
Галатасарај го обвини Жозе Мурињо за расизам
Галатасарај го обвини Жозе Мурињо за расистички изјави и соопшти дека ќе поведе кривична постапка против тренерот на Фенербахче поради неговите коментари по ремито 0:0 во Супер лигата во понеделник