Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година, а напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.

Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3:0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона досега 11.
Во финалниот избор за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.
Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.
Слични новости
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на турнирот во Доха
Рускиот тенисер Андреј Рубљов денеска ја освои титулата на турнирот во Доха, откако по три сета во финалето го победи Британецот Џек Драјпер 7:5, 5:7 и 6:1.
Кливленд убедлив против Њујорк во дербито на Истокот
Најефикасен поединец за Кливленд беше Донован Мичел кој постигна 27 поени и имаше одличен шут за тројка 5 од 7, а Еван Мобли постигна 21 поен со 8 скокови.
Хрватска за прв пат во историјата не успеа да се квалификува за Европското првенство во кошарка
Кошаркарската репрезентација на Хрватска за прв пат во својата историја не успеа да се квалификува на Европското првенство во кошарка, откако на свој терен во квалфикациите во Задар загуби од репрезентацијата на Франција со 83:80.