Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година, а напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.

Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3:0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона досега 11.
Во финалниот избор за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.
Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.
Слични новости
Детроит ја забележаа осмата победа во низа против НБА шампионот Бостон
Со многу цврста игра во одбраната тимот на Детроит Пистонс убедливо го победи актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс 117:97.
Куп на Италија: Емполи го елиминираше Јувентус по пенал-рулетот
Во последниот четвртфинален натпревар од Купот на Италија, фудбалерите на Емполи го совладаа Јувентус во Торино по изведувањето пенали со вкупен резултат 5:3
Ливерпул сѐ посигурен во трката по титулата, победи на тандемот од Манчестер
Фудбалерите на Ливерпул забележаа нова победа во англиската Премиер лига, совладувајќи го Њукасл со 2:0 на својот „Енфилд“ во натпреварот од 27. коло