Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година, а напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.

Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3:0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона досега 11.

Во финалниот избор за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).

Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.

Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.

globe

Слични новости

Лејкерси предводени од Лука и Леброн подобри од Клиперс во дербито на двата тима од Лос Анџелес

Лејкерси предводени од Лука и Леброн подобри од Клиперс во дербито на двата тима од Лос Анџелес

Кошаркарите на Лејкерс продолжуваат со низата победи окако утринава ги совладаа градските ривали Клиперс со 106:102. Најефикасен во победничкиот тим беше словенечката супер ѕвезда Лука Дончиќ кој постигна 31 кош

Домашна победа на Болоња над Милан

Домашна победа на Болоња над Милан

Фудбалерите на Болоња сосема заслужено го совладаа Милан со 2:1 пред своите гледачи во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А