Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година, а напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.
Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3:0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона досега 11.
Во финалниот избор за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.
Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.
Слични новости
Евролига: Паризан ја победи Алба во драматична завршница, Реал ниже порази
Во драматична завршница Пaртизан ја совлада Алба во Берлин, Реал Мадрид го претрпеа третиот пораз во низа, додека Болоња Виртус ја изненади Басконија
Фиорентина ја оствари втората највисока победа во историјата на Конференциската лига
Фудбалерите на Фиорентина во четвртокот пред своите навивачи ја постигнаа втората најубедлива победа во историјата на Конференциската лига, совладувајќи го австрискиот ЛАСК со 7:0 (3:0) во натпреварот од 5. коло.
НБА Куп: Атланта и Хјустон изборија полуфинале
По кошаркарите на Милвоки и Оклахома Сити, патувањето во Лас Вегас за полуфиналето на НБА купот го изборија и Атланта која го победи Њујорк на гости и Хјустон кој во драматичен меч го победи Голден Стејт