Суперѕвездата на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра на мечот против Хјустон Рокетс, кој е закажан за 26 декември пренесе американската телевизија ЕСПН.

Дончиќ се повреди пред три дена на натпреварот против Клиперс, во втората четвртина, а откако го напушти натпреварот Лејкерс загубија.

Дончиќ потоа го пропушти и дулеот против Феникс на кој Лејкерс убедливо загубија.

Словенечкиот кошаркар сезонава е најефикасен во НБА лигата со 34,1 поен по натпревар, а во просек бележи и 8,8 скокови и 8,8 асистенции.

Слични новости

Дончиќ се повреди на мечот Лејкерс-Клиперс

Дончиќ се повреди на мечот Лејкерс-Клиперс

Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик изјави дека во овој момент не знае колку е сериозна повредата. “Немам други информации освен тоа дека станува збор за повреда на медијалниот менискус“.

Португалскиот фудбалски клуб Боависта се гаси до крајот на годината

Португалскиот фудбалски клуб Боависта се гаси до крајот на годината

Португалскиот фудбалски клуб Боависта од Порто до крајот на годината би можел да престане да постои. Откако некогашниот шампион на Португалија беше префрлен во аматерски ранг, сега му се заканува тотлано да биде згаснат.