Суперѕвездата на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра на мечот против Хјустон Рокетс, кој е закажан за 26 декември пренесе американската телевизија ЕСПН.

Дончиќ се повреди пред три дена на натпреварот против Клиперс, во втората четвртина, а откако го напушти натпреварот Лејкерс загубија.

Дончиќ потоа го пропушти и дулеот против Феникс на кој Лејкерс убедливо загубија.

Словенечкиот кошаркар сезонава е најефикасен во НБА лигата со 34,1 поен по натпревар, а во просек бележи и 8,8 скокови и 8,8 асистенции.

Слични новости

Александер Исак скршил нога

Александер Исак скршил нога

Напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак, ја скрши ногата во дербито против Тотенхем во саботата и веќе е опериран, објавија „Црвените“