ЛА Лејкерс предводени од Лука Дончиќ кој се врати по повредата на прстот утринава ги победија Мемфис Гризлис со 117:112.
Лука Дончиќ на натпреварот постигна 44 коша, 12 скокови и 6 асистенции. Дончиќ постигнува повеќе од 40 кошеви на сите настапи сезонава.
Во тимот на Лејкерс, Остин Ривс постигна 21 кош, а Џејк Ла Равиа 13. Кај Мемфис сосема затаи ѕвездата Џа Морант кој постигна само 8 поени со исклучително слаб шут од игра 21 насто.
Во силната Западна конференција Лејкерс се на делба на третото место со 4 победи и 2 порази, а Оклахома и Сан Антонио досега во сезоната немаат пораз.
Слични новости
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1
Интер Мајами првпат ја освои МЛС
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето
Атлетик победи во дербито против Атлетико
Во дерби натпреварот од 15-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамес“ во саботата вечерта го победија Атлетико Мадрид со минимални 1:0


