Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Лука Дончиќ е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Лејкери имаа совршен скор оваа недела, три победи од три натпревари против Јута, Клиперс и Далас.

Лука Дончиќ на овие три натпревари имаше просек од 37,3 поени, 10,3 асистенции и 8,7 скока по натпревар.

За најдобар играч на неделата на Истокот е прогласен кошаркарот на Њујорк Џејлен Бронсон. Тој имаше просек од 28,8 коша, 4,5 асистенции и 3 скока по натпревар.

Њујорк минатата недела имаше четири победи од исто толку натпревари.

Слични новости

Слот пред заминување од „Енфилд“

Слот пред заминување од „Енфилд“

Ден по тешкиот пораз од 1:4 на домашен терен од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, англискиот фудбалски великан Ливерпул одржа кризен состанок на раководството на клубот