Промената на клубот на Лука Дончиќ ја шокираше целата „спортска планета“ и сеуште е една од централните теми на светските медиуми. Речиси е неверојатно дека и самите актери на оваа размена меѓу Далас и Лејкерс немаа поим до последниот момент за најбомбастичниот трансфер во историјата на НБА лигата.

„Сите беа изненадени, а можете да си замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да поверувам и мислев дека е првоаприлска шега. Тоа беа тешки моменти за мене, но имам шанса да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е сјајна шанса за мене““ изјави Дончиќ.

Лука рече дека нема да ја коментира одлуката на управата на Далас да го разменат. „Тоа е нивна одлука и немам коментар на тоа. Не знам што направиле“.

Лука Дончиќ на промоцијата на новиот дрес во Лејкерс рече дека сака да ја освои титулата. „Тука се доаѓа за да освоите титула и ништо друго. Имам се за да покажам и докажам и ја сакам титулата“. Дончиќ рече дека му се јавил Леброн Џејмс но не разговарале долго, затоа што Џејмс знаел како се чувствува. Убаво од него што ми се јави и ми посака добредојде.

Утринава Дончиќ за првт се појави на клупата на Лејкрес, каде што седеше до Леброн Џејмс. 

Размената меѓу Дончиќ и Дејвис покажа дека никој во НБА не е недопирлив освен Леброн Џејмс и Бредли Бил кои имаат клаузула во договорот дека не може да бидат разменувани. Дури и трикратниот МВП Никола Јокиќ нема таква клаузула во договорот, но рече дека им верува на челниците на Нагетс и дека ќе игра за нив додека сака.

 

Слични новости