Словенецот Лука Дончиќ во победата на Лејкерс против Јута Џез во Солт Лејк Сити од 143:135 имаше монструозен трипл дабл со 45 кошеви, 14 асистенции и 11 скокови.

Леброн Џејмс постигна 28 коша со 10 асистенции за Лејкерс кои до победата дојдоа во последната четвртина од натпреварот која ја добија со 41:29.

Јута Џез играше без својот најдобар стрелец Лаури Марканен, а кај Лејкерс отсуствуваа двајца стартери бекот Остин Ривс и центарот Деандре Ајтон.

Ова беше трета победа на Лејкерс во последните 4 меча и се наоѓаат на третото место на западната конференција зад водечките Оклахома Сити и Денвер Нагетс.

Слични новости

„Пикси“ пред ангажман во рускиот фудбалски клуб Рубин

„Пикси“ пред ангажман во рускиот фудбалски клуб Рубин

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија Драган Стојковиќ „Пикси“ уште оваа зима би можел да се врати на тренерското столче, два месеци откако даде оставка на функцијата селектор на српската репрезентација.