Белорускиот претседател Александр Лукашенко, во интервју објавено во вторникот, повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека САД мора да останат ангажирани во дипломатските напори.
Лукашенко е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и е обвинет од Западот дека ѝ отстапил белоруска територија на Русија за инвазијата во Украина во 2022 година.
„Сега многу зависи од ставот на (американскиот претседател Доналд) Трамп и САД. Најважно е Трамп да не се помести од оваа позиција“, изјави Лукашенко за американскиот телевизиски канал Newsmax, а белоруската државна новинска агенција BelTA пренесе делови од интервјуто.
„Доколку сè зависеше исклучиво од Трамп, војната одамна ќе беше завршена… Но, ова е повеќестран процес и Трамп не може сам да го реши… Конфликтот мора да биде замрзнат од горе до долу. Откако луѓето ќе престанат да се убиваат едни со други, можете да седнете и да се договорите за што сакате“, рече белорускиот претседател.
Лукашенко рече дека неуспехот да се најде мир може „лошо да заврши за Европа и целиот свет“ и „да прерасне во некаков вид глобален конфликт“.
Претседателот на САД ги предводи напорите за наоѓање решение за прекин на конфликтот. Првичниот американски мировен предлог, критикуван од многумина во Европа како премногу проруски, претрпе измени. Американските и украинските претставници одржаа консултации за предложениот договор, заедно со европските претставници на дводневните разговори во Берлин оваа седмица.
Трамп изрази фрустрација и од Путин и од украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што сè уште не ја завршиле речиси четиригодишната војна.
Слични новости
ЕУ се откажува од планот до 2035. сите автомобили да бидат електрични
Европската комисија во вторникот ги олабави правилата за забрана на автомобили со внатрешно согорување од 2035 година, напуштајќи го претходниот план дека сите нови автомобили мора од споменатата година да бидат електрични
Темна статистика на Блискиот исток: саудиска Арабија погуби 340 луѓе во 2025
Саудиска Арабија за време на 2025 постави нов неславен рекорд според бројот на извршени смртни казни, погубувајќи 340 луѓе, пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на официјални извештаи на садуските власти.
Трамп го тужи BBC, бара 10 милијарди долари отштета
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникoти го тужеше британскиот редиодифузер BBC за клевета поради изменети извадоци од говори поради коишто се чини дека ги упатил своите поддржувачи да упадната во американскиот Капитол, отворајќи меѓународно бојно поле во борбата против медиумските извештаи што ги смета за невистинит или неправедно


