Француската и белгиската полиција трагаат за накит вреден 102 милиони долари што беше украден од парискиот музеј Лувр, а истрагата се повеќе води кон „подземјето“ на антверпенската индустрија за накит, за која се верува дека со години е „канал за украдениот накит од цела Европа“, пренесува Ројтерс.
Веднаш по грабежот во Лувр белгиската полиција добила предупредување преку мрежата „Црвен дијамант“ што ја надгледува Европол, да биде подготвена за обид за продажба на накитот.
Француските власти покренаа истрага против четири лица, но украдениот накит сеуште не е пронајден.
Истражните извештаи од Антверпен наведуваат дека постои силна врска меѓу јувелирите и трговците со дрога и дека некои од златарите се вклучени во перење на милиони евра криминални пари.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


