Дваесет идвегодишниот возач од Нов Зеланд, Лиам Лоусон, е потврден како замена за Серхио Перез и следната сезона ќе ја помине зад воланот на Ред Бул заедно со четирикратниот светски шампион Макс Верстапен.

Во средата беше објавено дека мексиканскиот возач го загубил местото во тимот по четири години, бидејќи зад него е разочарувачката сезона во која Ред Бул остана без светската титула во конкуренцијата на конструктори по два последователни триумфа.

Лоусон е во програмата Ред Бул Јуниор од 2019 година, а во последните две сезони беше резервен возач во сестринскиот тим на Ред Бул (Алфа Таури, Виза Кеш Ап Рејсинг Булс), за кој се појави на вкупно 11 трки во Светското првенство. Во 2023 година освои два бода на пет настапи, а оваа сезона учествуваше во последните шест натпреварувања од сезоната и со две деветти места освои четири бода.

 

„Да бидам најавен како возач на Оракл Ред Бул Рејсинг е животен сон за мене. Ова е нешто на кое сакав и работев од својата осумгодишна возраст. Тоа беше досега беше неверојатно патување. Сакам да искажам голема благодарност до целиот тим за нивната поддршка, последните шест трки одиграа огромна улога во мојата подготовка за овој следен чекор“, рече Лоусон кога беше именуван како возач кој ќе застане рамо до рамо со четирикратниот светски шампион.

„Исклучително сум возбуден што можам да работам со Макс и да учам од светскиот шампион. Едвај чекам да започнам“, изјави 22-годишниот Новозеланѓанец.

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер е полн со пофалби за Лосон.

„Настапите на Лиам за време на неговите два стинга со Виза Кеш Ап Рејсинг Булс покажаа дека тој не само што е способен да дава силни резултати, туку дека не се плаши да ги предизвика најдобрите. Неговото доаѓање продолжува долгата историја на тимска промоција во Ред Бул Јуниорската програма Тој ги следи стапките на возачите кои победувале на трки и освојувале шампионски титули, како Себастијан Фетел и, се разбира, Макс Верстапен“, рече Хорнер, додавајќи:

„Нема сомнеж дека тркањето заедно со Макс, четирикратен шампион и несомнено еден од најголемите возачи некогаш видени во Формула 1, е тешка задача, но уверен сум дека Лиам е дораснат на предизвикот и може да донесе одлични резултати за ние следната година“.

globe

Слични новости

Лига на шампионите: Реал и Вила со предност по првите дуели, Арсенал веќе пласиран, реми во Дортмунд

Лига на шампионите: Реал и Вила со предност по првите дуели, Арсенал веќе пласиран, реми во Дортмунд

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го совлада градскиот ривал Атлетико со 2:1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Арсенал го декласираше ПСВ со 7:1 во Ајндховен, додека Борусија Дортмунд и Лил одиграа нерешено 1:1

Серија А сака да игра натпревари во САД

Серија А сака да игра натпревари во САД

Европските фудбалски гиганти со години ги посетуваат САД на претсезонски натпревари, но Италијанците сега сакаат да играат официјални првенствени натпревари на американска почва во рок од три години

Баерн ќе го изложи дресот со број 5 на Бекенбауер под покривот на „Алијанц Арена“

Баерн ќе го изложи дресот со број 5 на Бекенбауер под покривот на „Алијанц Арена“

Откако го „пензионираше“ дресот со бројот што го носеше Франц Бекенбауер, клупската легенда која почина на почетокот на јануари 2024 година, Баерн Минхен одлучи во иднина да го изложува под покривот на „Алијанц Арена“, објави во вторникот баварскиот клуб