Стотици американски маринци пристигнаа во Лос Анџелес во вторник вечерта, а се очекуваат уште повеќе во текот на денот, по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој претходно распореди 4.000 членови на Националната гарда за да ги потисне протестите и покрај противењето на локалните опзоициски демократски челници.
Градот е сцена на насилни безредија, уништувања јавна и приватсна сопственост, како и грабежи, со денови наназад откако администрацијата на претседателот Трамп започна серија имиграциски рации минатиот петок, иако локалните власти тврдеа дека наводно протестите во понеделник биле во голема мера мирни.

Трамп ја распореди Националната гарда откако уличните протести во петокот станаа насилни во текот на викендот. Во понеделникот, тој рече дека чувствува дека нема друг избор освен да нареди распоредување за да се спречи насилството да излезе од контрола.
Околу половината од околу 700 маринци кои со наредба на претседателот Трамп ќе бидат распоредени во Лос Анџелес пристигнаа доцна во понеделникот, а останатите ќе бидат распоредени во вторник, изјави американски функционер за Reuters.
Градоначалничката на Лос Анџелес, демократката Карен Бас, изјави за телевизијата KABC дека повеќе од 100 лица биле уапсени во понеделник, но тврдеше дека „повеќето од демонстрантите биле ненасилни“.
Во текот на викендот, демонстрантите фрлаа камења и други предмети кон полицајците и возилата и запалија неколку автомобили. Полицијата одговори со шок бомби и солзавец.
Трамп ја оправда својата одлука за распоредување на војската во Лос Анџелес опишувајќи ги протестите како насилна окупација на градот, што гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, и Бас, и двајцата од Демократската партија, го оценија како „прекумерно“.
Иако маринците се единствено одговорни за чување на федералниот имот додека не пристигне Националната гарда од 4.000 припаднци, користењето на активни војници за одговор на граѓанските немири во САД е исклучително ретко, но не е без преседан.
Во објава на платформата Truth Social во вторник утрото по локално време, Трамп напиша дека Лос Анџелес „ќе гореше до темел во моментов“ доколку не била распоредена војската во градот.

Слични новости
ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај Унгарија и Словачка
Полското претседателство во понеделникот на состанокот на министрите на земјите-членки задолжени за енергетика го предложи текстот на изјавата во поддршка на планот на Европската комисија презентиран на 6. мај за постепено отстранување на руската нафта, гас и нуклеарна енергија од пазарот на ЕУ
Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна
Најмалку 40 лица се убиени од израелски оган во понеделникот, а повеќето од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на американската Хуманитарна фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната палестинска енклава
Америка ги повлече своите Противвоздушни системи од Украина
Соединетите Американски Држави ги повлекоа своите системи за противвоздушна одбрана од Украина поради ситуацијата на Блискиот исток, наведуваат американски медиуми