Покривот во Лондон каде што славната англиска група „Битлси“ го одржа својот последен импровизиран концерт ќе биде сочуван со музеј посветен на бендот кој би требало да биде отворен следната година.

„The Beatles at 3 Savile Row“ ќе им понуди на љубителите на музиката прилика да ја истражат зградата во која е сниман албумот „Let It Be“, додека некогашното седиште на нивната дискограска куќа „Ејпл“ ќе биде претворено во светилиште посветено на бендот, пренесува Ројтерс.

Оснивани во Ливерпул во 1960, „Битлси“ продадоа повеќе од 600 милиони плочи ширум светот, ги обележија културните промени на нивното време, влијае врз генерации уметници и создадоа музичко наследство кое трае до ден денес.

Слични новости

Биопикот за поп иконата Мајкл Џексон, ја одушевува публиката, иако критиката не му е наклонета

Биопикот за поп иконата Мајкл Џексон, ја одушевува публиката, иако критиката не му е наклонета

„Мајкл“ долгоочекуваниот биопик за поп иконата Мајкл Џексон соборува рекорди на привјуата на Бокс офисот и заработи 13 милиони долари само во четвртокот, со што го надмина „Опенхајмер“.