Британскиот крал Чарсл Трети допатува во четиридневна посета на САД во државна посета која според оценките на западните медиуми би можела да биде една од најчувствителните дипломатски мисии за време на неговото владеење.

Посетата е организирана по повод 250 годишнината од прогласувањето на американската независност, а доаѓа во моент кога Вашингтон и Лондон се оптоварени со политички несогласувања и остри изјави на Доналд Трамп против британскиот премиер Кир Стармер.

Трамп го нарече Страмер „лузер“ поради одбивањето на Лондон да им пружи воена помош на САД во војната против Иран, го спореди со Невил Чемберлен и оцени дека Британија веќе не е „Ролс-Ројс на сојузниците“.

Бакингемската палата потврди дека посетата ќе биде одржана според планот и покрај безбедносниот инцидент на веќерата на Здружението на дописниците на Белата куќа во Вашингтон.

Слични новости

Илон Маск прогласи почеток на нова граѓанска војна во САД

Американскиот милијардер Илон Маск оцени дека масовните протести против постапките на имиграциската полиција на САД „ИЦЕ“ се сигнал дека во земјата започна „нова граѓанска војна“, пренесуваат американските медиуми.