Фудбалерите на Челси го совладаа Тотенхем на гостински терен со 1:0 во лондонското дерби на денот. „Сините“ беа подобар ривал и заслужено дојдоа до победата која можеше да биде и поубедлива.

Победоносниот гол за екипата на Енцо Мареска го постигна Жоао Педро на асистенција на Каиседо. Со победата Челси се изедначи со Тотенхем и двата тима имаат по 17 бодови.

Водечкиот Арсенал рутински славеше со 2:0 на гости кај Барнли со головите на Џокереш и Рајс уште во првото полувреме. Арсенал e убедливо прв на табелата со 8 бода предност пред второпласираниот Бурнемаут, но доколку победи во утрешниот Манчестер сити може да се доближи на 6 бода заостаток.

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0