Локалните избори во Велика Британија во четврток, 7 мај, на кои имаат право на глас 30 милиони гласачи, се огромен тест за сите главни политички партии, но најмногу за Кир Стармер како премиер и лидер на Лабуристите.

Анкетите на јавното мислење предвидуваат тешка ноќ за Лабуристите, кои би можеле да се соочат со загуба на повеќе од 1.800 советници, речиси три четвртини од местата што се заземаат.

Но, се очекуваат значителни загуби и за Конзервативната партија.

 

Локалните избори ќе бидат проверка на рејтинзите и на лидерот на десничарската ксенофобична реформистичка партија Најџел Фараж и лидерот на „зелените“ Зак Полански, на кои брзо им расте популарноста.

Премиерот Стармер е во најтешка ситуација откако дојде на власт во јули 2024 година. Според агенцијата за анкети YouGov, само 19 проценти од Британците моментално ги одобруваат постапките на премиерот, 61 процент имаат негативно мислење за него, а 18 проценти се неутрални.

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.