По последните случувања во Сирија, Грција го замрзнува издавањето одлука по барањето за азил за сириските бегалци, соопшти генералниот секретар од Министерството за миграција и азил Манос Логотетис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ и посочи дека во земјата има над 8.000 Сиријци баратели на азил.
Логотетис објасни дека „она што е замрзнато и мора да се замрзне е делот на донесување решение по барањето“, додавајќи дека тоа е процес што е замрзнат и на европско ниво, но и објасни дека тоа не значи дека нема да примаат нови барања или дека е замрзната процедурата за азил.
„Мнозинство од луѓето кои доаѓаат во земјата поднесуваат барање кое го има основното тврдење дека „во Сирија сум во опасност, бидејќи има авторитарен режим од Владата на Асад“. Ова веќе не постои. Значи мораме да ги преиспитаме податоците“, посочи генералниот секретар за миграциска политика.
Додаде дека во Грција во изминатите години бил доделен азил на околу 200.000 бегалци од Сирија, а во моментов нешто повеќе од 8.000 луѓе згрижени во земјата „сè уште се баратели на азил“ и никој од нив не изразил интерес да замине.
Според грчките медиуми, барањата на азил за Сиријците ќе биде една од темите на состанокот на владиниот совет за национална безбедност што в петок ќе го одржи премиерот на Грција
Слични новости
Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија
Сараево со денови меѓу најзагадените градови во светот
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.