По последните случувања во Сирија, Грција го замрзнува издавањето одлука по барањето за азил за сириските бегалци, соопшти генералниот секретар од Министерството за миграција и азил Манос Логотетис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ и посочи дека во земјата има над 8.000 Сиријци баратели на азил.

Логотетис објасни дека „она што е замрзнато и мора да се замрзне е делот на донесување решение по барањето“, додавајќи дека тоа е процес што е замрзнат и на европско ниво, но и објасни дека тоа не значи дека нема да примаат нови барања или дека е замрзната процедурата за азил.

„Мнозинство од луѓето кои доаѓаат во земјата поднесуваат барање кое го има основното тврдење дека „во Сирија сум во опасност, бидејќи има авторитарен режим од Владата на Асад“. Ова веќе не постои. Значи мораме да ги преиспитаме податоците“, посочи генералниот секретар за миграциска политика.

Додаде дека во Грција во изминатите години бил доделен азил на околу 200.000 бегалци од Сирија, а во моментов нешто повеќе од 8.000 луѓе згрижени во земјата „сè уште се баратели на азил“ и никој од нив не изразил интерес да замине.

Според грчките медиуми, барањата на азил за Сиријците ќе биде една од темите на состанокот на владиниот совет за национална безбедност што в петок ќе го одржи премиерот на Грција

globe

Слични новости

Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград

Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, во петокот побара од судот максимална казна за родителите на момчето кое во мај 2023 година со пиштолот на неговиот татко во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и чувар а рани уште пет ученици и наставничката.

Србија: Во екот на студентските протести, владата порано објави училишен распуст

Србија: Во екот на студентските протести, владата порано објави училишен распуст

Владата на Србија во петокот го усвои предлогот на Министерството за образование, одморот за основните и средните училишта низ земјата да започне порано од досега веќе на 24 декември, среде студентските протести, кои започнаа под објасннувањето поради несреќата на станицата во Нови Сад, на кои сѐ повеќе почнаа да се приклучуваат и средношколците

Едно дете почина а уште пет лица се ранети во напад со нож во основно училиште во Загреб

Едно дете почина а уште пет лица се ранети во напад со нож во основно училиште во Загреб

Хрватсата министерка за здравство Ирена Хрстиќ во петокот напладне изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три биле деца и двајца возрасни