На американскиот Бокс офис трета недела по ред доминираат Моана 2 и Викед, додека филмот на Сони „Ловецот Кравен“, базиран на лик од стрип јунаците на Марвел е на третото место со само 11 милиони долари заработка во премиерниот викенд на Бокс офисот. „Кравен“ поминува полошо дури и од „Мадам Веб“ кој досега беше најслабиот филм на Сони базиран на лик од стриповите на Марвел.

Надвор од Америка филмот исто така инкасираше скромни 15 милиони долари од 60 пазари, за тотална заработка од 26 милиони долари.

Од друга страна, анимираниот филм на Дизни „Моана 2“ викендов надмина заработка од 700 милиони долари и се проценува дека филмот е блиску да стигне заработка од една милијарда долари. Во САД филмот трета недела по ред е прв на Бокс офисот а викендов заработи 26,6 милиони долари.

Викед пак за четири недели прикажување надмина заработувачка од 500 милиони долари, а викендов заработи 22,5 милиони долари.

Чеврти на Бокс офисот е Гладијатор 2со зааботка од 7,8 милиони долари. Спектаклот на Ридли Скот стигна до заработка од 160 милиони долари на американскиот пазар и 400 милиони долари глобално.

Слични новости

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон

Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон

Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон

Оваа дрвена чаша ќе биде дел од изложбата што се отвара на 4 март заедно со други предмети на Исак Њутн, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Математичките принципи на природната филозофија“,