Литванската премиерка Инга Ругињене изјави во понеделникот дека нејзината земја ќе почне да ги соборува балоните за шверц што ја преминуваат државната граница од насока на Белорусија, што постојано го нарушува воздушниот сообраќај во балтичката земја.
Литванија, членка на НАТО, го затвори аеродромот во Вилнус четири пати минатата седмица откако балоните влегоа во нејзиниот воздушен простор и секој пат привремено ги затвораше граничните премини со Белорусија како одговор на инцидентите.
Литванија соопшти дека балоните биле испратени од шверцери кои ги користат за транспорт на цигари, но исто така го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, дека не ја прекинал таквата практика.
Ругињене ги нарече инцидентите „хибридни напади“ и објави дека граничните премини со Белорусија ќе бидат затворени за сите освен за дипломати и граѓани на членките на Европската Унија што ја напуштаат соседната земја.
„Денес решивме да преземеме најстроги мерки, нема друг начин“, изјави Ругињене на прес-конференција, додавајќи дека нејзината влада би можела да разговара и за повикување на Член 4 на НАТО, кој им овозможува на членките да побараат консултации за безбедносни прашања.
Слични новости
Трамп потпиша указ за централизирање на регулацијата на вештачката интелигенција
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција (ВИ) на федерално ниво, за да ги спречи 50-те американски држави да го прават тоа на свое ниво
Зеленски ги условува изборите во Украина со примирје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека изборите во неговата земја не можат да се одржат без прекин на огнот, откако претходно изјави дека секој компромис во мировните преговори со Русија ќе мора да биде потврден на гласачките места
Гркот Пиеракакис нов шеф на eврогрупата
Министрите за финансии од 20-те земји од еврозоната го избраа грчкиот министер за финансии Киријакос Пиеракакис за нов претседател на еврогрупата во четвртокот


