Литванската премиерка Инга Ругињене изјави во понеделникот дека нејзината земја ќе почне да ги соборува балоните за шверц што ја преминуваат државната граница од насока на Белорусија, што постојано го нарушува воздушниот сообраќај во балтичката земја.
Литванија, членка на НАТО, го затвори аеродромот во Вилнус четири пати минатата седмица откако балоните влегоа во нејзиниот воздушен простор и секој пат привремено ги затвораше граничните премини со Белорусија како одговор на инцидентите.
Литванија соопшти дека балоните биле испратени од шверцери кои ги користат за транспорт на цигари, но исто така го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, дека не ја прекинал таквата практика.
Ругињене ги нарече инцидентите „хибридни напади“ и објави дека граничните премини со Белорусија ќе бидат затворени за сите освен за дипломати и граѓани на членките на Европската Унија што ја напуштаат соседната земја.
„Денес решивме да преземеме најстроги мерки, нема друг начин“, изјави Ругињене на прес-конференција, додавајќи дека нејзината влада би можела да разговара и за повикување на Член 4 на НАТО, кој им овозможува на членките да побараат консултации за безбедносни прашања.
Слични новости
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата


