Лисандро Мартинез нема да добие нов договор и автоматско продолжување на соработката со Манчестер јунајтед што значи дека од јануари следната година ќе биде слободен да преговара со други клубови.
Како што пренесуваат англиските медиуми, аргентинскиот дефанзивец сака да премине во Барцелона и очекува понуда уште во јануарскиот преоден рок.
Ме се сиклучува можноста Барцелона да го доведе Мартинез за минимално обештетување, бидејќи е јасно дека по неговите изјави во медиумите против управата на Манчестер јунајтед, за него веќе нема место на Олд Трафорд.
Слични новости
Фудбалерите на Лацио по пресврт го победија Удинезе
Удинезе имаше предност во 49-тата минута со голот на Јаспер Карлстром, но гостите од Рим дојдоа до пресврт со головите на Давиде Фратези во 75-тата минута и Алберт Гудмунсон во 88-та минута од натпреварот.
Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната
Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.
Бешикташ славеше со 2:1 во дербито против Фенербахче
Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.


