Фудбалерите на Олимпик од Лион се пласираа во завршната фаза од квалификациите на Лигата на шампионите, откако на домашен терен ја победија Славија од Прага со 3:0. Во првиот меч во Прага, чешкиот клуб победи со 1:0.

Лион кој не учествувал во завшницата на Лигата на шампионите од сезоната 2019-2020, за учество во првата фаза на Лигата на шампионите ќе треба да го елиминира турски Фенербахче.

Тимот од Истанбул синоќа на гости го победи Штурм во Грац со 1:0, и со вкупни 3:0 се пласираше до последното коло од нокаут фазата на квалификаците.

Стрелец за Фенербахче повторно беше Талиска кој постигнува четврти последователен гол на четири натпревари од квалификациите за ЛШ.

Слични новости

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Иако за неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Барцелона, Ромеро на крај го избра Атлетико Мадрид, а клучната улога во преговорите ја имаше тренерот на Атлетико, сонародникот на Ромеро Аргентинецот Диего Симеоне.