Фудбалската репрезентација на Аргентина на 6 октомври на стадионот „монументал“ во Буенос Аирес ќе ја дочека селекцијата на Бенин во пријателски натпревар, а дуелот ќе влезе во историјата бидејќи тоа ќе биде последниот настап на Меси во дресот на Аргентина која е светски вицешампион.
Меси одигра за репрезентацијата на Аргентина 207 натпревари и постигна 125 гола. Со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2022 и два Копа Америка во 2021 и 2024.
Дресот на Меси од прошталниот натпревар ќе биде уникатен и наместо вообичаениот знак на Адидас ќе го има личното лого на Меси.
Слични новости
Манчестер сити упати жалба: Невини сме, пресудата содржи материјални грешки
Фудбалскиот клуб Манчестер сити тврди дека е невин по обвиненијата на Премиер лигата поради што вложи жалба на пресудата за финансиски малверзации.
Адвокатите на ФИФА тврдат дека УЕФА го вознемирува Џани Инфантино
Адвокатите на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА тврдат дека Европската фудбалска унија ЕУФА го вознемирува првиот човек на ФИФА Џани Инфантино во судски поднесок
Ново шоу на Ламин Јамал Шпанија ја победи Хрватска со 4:1, Англичаните рутински ја победија Чешка 2:0
Репрезентацијата на Шпанија која е Светски првак ја оправда улогата на фаворит на мечот со Хрватска и победи со 4:1. Свое шоу имаше Ламин Јамал кој постигна два гола за Шпанија и беше асистент на еден гол.


