Фудбалерите на Лидс го совладаа на гости Манчестер јунајтед со 2:1 во последниот натпревар од 32. коло на Премиер лигата и ги зголемија шансите за опастанок во лигата.

Головите за Лидс ги постигна Окафор во 5. и 29. минута од натпреварот, а стрелец на единствениот гол за Манчестер беше Каземиро во 69. минута.

Димашниот тим го заврши натпреварот со 10 играчи откако Лисандро Мартинез доби црвен картон во 56. минута.

И покрај поразот, Манчестер јунајтед го задржа третото место со добри изгледи за пласман во Лигата на шампионите, а Лидс постепено се оддалечува од опасната зона и сега е 15-ти со 36 бодови.

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.