Фудбалерите на белгискиот Клуб Бриж, Баерн Минхен и лисабонска Бенфика, како и претходно Феенорд се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите, елиминирајќи ги во плејофот Аталанта, Селтик, Монако и Милан.
Клуб Бриж дватапати ја совлада Аталанта, откако на домашен терен победи со 2:1, славеше во Бергамо со 3:1. Бенфика по победата од 1:0 на гости кај Монако одигра 3:3 на својот стадион „Луж“, додека Баерн откако славеше со 2:1 во Глазгов, пред своите гледачи одигра 1:1 против Селтик.
Клуб Бриж ја шокираше Аталанта во третата минута кога Талби постигна гол за 1:0 за белгискиот тим, чија предност во тој момент се искачи на два гола. Аталанта не играше лошо во остатокот од првото полувреме, но во ниту еден момент не успеа целосно да го пробие противникот. Од друга страна, секое брзо доаѓање на Белгијците пред противничкиот гол претставуваше опасност за клубот од Бергамо.
Талби го постигна својот втор гол во 27. минута, а одличниот Ванакен одлично се снајде пред голот. Аталанта продолжи да напаѓа и по вториот примен гол, а чудо е што не постигнаа гол во судиското надополнување. Најпрвин Запакоста ја погоди стативата, потоа Пашалиќ промаши со глава од еден метар, додека ударот на Квадрадо беше запрен кога топката беше на гол-линијата. По сето тоа следеше нов контранапад на гостите, одличен удар од 18 метри на Жутгл и 3:0.
Адемола Лукман, кој на полувремето го замени Марио Пашалиќ, огоди во првата акција од вториот дел за 1:3. Тој гол им даде надеж на домашните, кои напаѓаа во бранови и му се заканија на Клуб Бриж. Во 61. минута Аталанта доби уште една шанса да направи чекор поблиску до чудо. Беше досуден пенал, но ударот на Лукман беше одбранет од гостинскиот голман Мињоле. Во остатокот од натпреварот беше јасно дека тој момент силно влијаеше врз играчите на Аталанта. Италијанскиот тим напаѓаше, но тој интензитет опаѓаше и домаќините останаа далеку од голем пресврт. Во осминафиналето Клуб Бриж ќе игра против Лил или Астон Вила.

Баерн ремизираше 1:1 на својата „Алијанц Арена“ против Селтик со голот на Алфонс Дејвис во 94. минута, избегнувајќи продолженија и совладувајќи го шкотскиот шампион со вкупни 3:2. По приспивното прво полувреме, натпреварот се вжешти во вториот дел, поточно по голот на Селтик во 63. минута. Маеда ја украде топката од домашната одбрана, а Куен погоди за водство на гостите.
Потоа следеа нападите на Баерн, а кога се чинеше дека ќе биде долга ноќ во Минхен, Дејвис некако успеа да ја „притисне“ топката за 1:1 и пласман на Баерн, кој во осминафиналето ќе игра или со Атлетико Мадрид или со Баер.
Натпреварот во Лисабон беше драматичен и тензичен, кој заврши нерешено 3:3, што беше доволно за португалскиот тим да се пласира понатаму.
Бенфика поведе во 22. минута со голот на Актуркоглу, по што следеше целосна иницијатива на гостите и бројни напади од Монако. Тоа им се исплатеше на гостите бидејќи израмнија во 32. минута со голот на Минамино, додека поведоа на стартот од вториот дел кога Бен Сегир го постигна домашниот гол.
Во последните 15 минути следеше голема драма, бидејќи почнаа да паѓаат голови на двете страни. Најпрвин Павлидис погоди од пенал во 76. минута за 2:2, резултат кој ќе беше доволен за Бенфика да оди понатаму. Монако веднаш одговори и погоди во 81. минута преку Иленикен за 3:2 и потенцијални продолженија. Бенфика потоа имаше нов одговор и израмни на 3:3 со вештата изведба на Кокчу.
До крајот на мечот имаше тензични ситуации, но резултатот не се менуваше, што значеше и почеток на домашната прослава. Бенфика во осминафиналето ќе игра против Ливерпул или Барселона.
Феенорд претходно во вторникот се пласираше во осминафиналето по победата на домашен терен со 1:0 во реваншот од плејофот против Милан, одигра 1:1 што му беше доволно. Предноста на Феенорд од еден гол од првиот натпревар се стопи по само 37 секунди игра во реваншот. Толку време му требаше на Милан да поведе со 1:0, а топката од непосредна близина ја уфрли мексиканскиот напаѓач Сантијаго Хименез, кој оваа зима дојде во Милано токму од Феенорд.
Милан доминираше во остатокот од првото полувреме и во неколку наврати беше блиску до постигнување втор гол и водство над холандскиот тим. Сепак, Феенорд ги издржа сите овие налети, влегувајќи во паузата со негатива од еден гол, а токму на стартот на вториот дел Милан остана со десетмина на теренот.
Во противничкиот шеснаесетник Тео Ернандез одглуми прекршок, а судијата му додели втор жолт картон за симулација. Натпреварот потоа се разводни. Милан со играч помалку тешко доаѓаше до противничкиот гол, а логично домашните почнаа повеќе да се фокусираат на одбраната. Феенорд изгледаше неинвентивно, како и пред црвениот картон, но гостите трпеливо ја чекаа својата шанса. И тој момент го дочекаа во 73. минута. Прекрасната акција заврши со прецизен центаршут на Хуго Буено, додека Каранца со глава ја упати топката под гредата за 1:1 и тогашно водство на Феенорд. Следеа обидите на Милан, иако беа во дефицит од еден играч, но домашните останаа без втор гол и продолженија. Феенорд во осминафиналето ќе игра против Интер или Арсенал.

Слични новости
Лига Европа: Рома, ФЦСБ и АЗ одат натаму
Фудбалерите на италијанскот претставник Рома, романски ФЦСБ и холандски АЗ се пласираа во осминафиналето на Лига Европа.
АТП Доха: Лехечка направи пресврт за победа над Алкараз
Според статистиката на директни поени (32-18 за Алкараз) и неизнудени грешки (Алкараз 25, Лехечка 36), Шпанецот требаше да излезе како победник од овој меч иако го загуби првиот сет
ВТА Дубаи: Мира Андреева ја елиминираше Ига Швјонтек во четвртфиналето
Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева (ВТА-14.) стана најмладата полуфиналистка во историјата на ВТА 1000 турнирот во Дубаи