Фудбалерите на Англија и на Норвешка ги освоија првите места во своите групи во Б Лигата на нациите и со осигураа пласман во повисокиот ранг од континенталното натпреварување.
Англија ја победи Ирска со 5:0 на лондонски „Вембли“, победа со која се вратија во највисоката класа на натпреварувањето. „Гордиот Албион“ го чекаше второто полувреме откако првото заврши 0:0, постигнувајќи три гола за пет минути преку Хари Кејн (53 пенал), Ентони Гордон (55) и Конор Галагер (58) – пред Џерод Бовен (75) и Тејлор Харвуд-Белис (79) да ја завршат работата. Ова е петти успех во шест официјални натпревари за привремениот селектор Ли Карсли, а новиот тренер Германецот Томас Тухел ќе ја преземе селекцијаа од 1 јануари.
Грција, поразена на домашен терен од Англија во клучниот натпревар во четвртокот, останува втора во групата по успехот во Финска (2:0). Англија има 15 бодови, второпласираната Грција има исто толку бодови, третопласираната Ирска има шест бодови и ќе игра во баражот за опстанок во Лигата на нациите Б, а Финска нема бодови и испадна во Лигата Ц.
Норвешка обезбеди пласман со победата од 5:0 на домашен терен над Казахстан, со трите гола на Ерлинг Халанд.
Австрија и Словенија одиграа 1:1 со Виена, па Австријците ги чекаат плејофот за А групата, а избраниците на Матјаж Кек ги чекаат дополнителни два натпревара за да останат во Б лигата. Роман Шмид беше стрелец за Австрија во 27. минута , а за Словенија беше Адам Гнезда Черин во 81. минута.
Слични новости
НБА: Бостон го запре Кливленд
Шампионот Бостон Селтикс му го нанесе првиот сезонски пораз на Кливленд Кавалирс по дури 15 победи на стартот, совладувајќи ги во својата сала со 120-117.
Пеп Гвардиола се договори со Манчестер сити за нов едногодишен договор
Сегашниот договор на Гвардиола истекува до крајот на сезоната, а новиот договор ќе биде потпишан на една година, со опција да биде продолжен за уште една до 2027 година.
Холандија во полуфиналето на Дејвис купот, Надал го одигра последниот натпревар
Поразот на Шпанија значи дека Рафаел Надал стави крај на својата блескава кариера во вторникот, а Ботик ван де Зандшулп ќе биде играч кој го победи во збогувањето