Данскиот Митјиланд продолжува да бележи одлични резултати во Лигата на Европа. Во натпреварот од 4. коло, Митјиланд го победи Селтик со 3:1, забележувајќи ја својата четврта победа. Данскиот тим поведе во 34. минута со голот на хрватскиот репрезентативец Мартин Ерлиќ. Микел Гогоржа центрираше од корнер, а Ерлиќ постигна гол за 1:0. Само минута подоцна, асистентот Гогоржа стана и стрелец. Домаќинот го круниса одличното полувреме со трет гол, постигнат од Франкулино во 41. минута. Во второто полувреме, шкотскиот тим го намали дефицитот со гол од пенал на Рео Хатате.
Ова беше четврта победа за Данците, а втор пораз за Селтик.
Базел ја прослави својата втора победа со триумф од 3:1 над ФЦСБ. Еден од клучните моменти се случи во 12. минута кога Стефан Тарновану доби црвен картон поради играње со рака во шеснаесетникот. Џердан Шаќири го реализираше пеналот. Гостите израмнија во 57. минута преку Дариус Олару, но Шаќири го врати Базел во водство во 73. минута. Салах го зголеми резултатот на 3:1 во 88. минута по асистенција од Шаќири.
Утрехт и Порто играа 1:1. Домаќините поведоа во 48. минута со голот на Мигел Родригез, а Борха Саинц израмни во 66. минута.
Еден од фаворитите во натпреварувањето сезонава, франциски Лил претрпе пораз од 1:0 на гостувањето во Белград кај Црвена ѕвезда.
Следниот противник на „сините“, Лил, загуби од Црвена звезда со 1:0 на гостувањето во Белград во цврст натправар во кој и двете екипии имаа неколку одлични шанси, но домаќините сепак создадоа повеќе и имаа еден поништен гол поради минален офсајд. Решавачкиот гол го постигна Марко Арнаутовиќ во 85. минута од пенал.
Патанаикос славеше со идентичен резултат на гостувањето кај Малме. Единствениот стрелец беше Филип Ѓуричиќ во 85. минута.
Фрајбург ја победи Ница со 3:1 на гости. Јохан Манзамби (29), Винченцо Грифо (39-11м) и Дери Шерхант (42) постигнаа голови за гостите, додека голот за Ница го постигна Кевин Карлос (24).
Слични новости
Интер Мајами финалето на МЛС Купот против Ванкувер Вајткепс
Интер Мајами на Лионел Меси го победи Њујорк Сити ФК со 5:1 во финалето на Источната конференција на МЛС ноќта кон неделата, а следната седмица ќе се бори за МЛС Купот против Ванкувер
Клиперс ја продолжија серијата порази, Шарлот ја прекина победничката низа на Торонто
Лос Анџелес Клиперсбеа поразени синоќа на домашен терен, Далас Маверикс беа подобри од нив со 114:110. Кавај Ленард го предводеше Лос Анџелес со 30 поени и осум скока
Фламенго победник во Копа Либертадорес
Фламенго ја освои својата четврта титула во Копа Либертадорес, победувајќи го Палмеирас со 1:0 во бразилското финале во саботата вечерта на стадионот „Естадио Монументал“ во Лима, пред околу 50.000 гледачи


