Во дербито на вечерта Порто и Рома одиграа нерешено 1:1, па одлуката за тоа кој ќе се пласира во осминафиналето ќе биде донесена следната седмица на римски „Олимпико“. Рома поведе во последните моменти од првото полувреме со голот на Зеки Челик, а израмни Франциско Моура во 67. минута. Гостите беа без исклучениот Брајан Кристанте од 73. минута.
ПАОК одлично го отвори натпреварот против ФЦСБ, но на крајот загуби со 1:2. Солунскиот тим поведе во 21. минута со голот на Мбвана Самата, но во последните моменти од првото полувреме домашната екипа остана со играч помалку по исклучувањето на Таисон. Бразилскиот напаѓач доби жолт картон за прекршок во 33. минута, а втор жолт на крајот од првото полувреме. Бразилецот се налути по фаулот кој го повика и доби втор жолт картон поради протестирање. Гостите успеаја да го свртат резултатот во вториот дел, а погодија Андреј Георгита во 50. и Јојским Дава во 60. минута.

АЗ го совлада Галатасарај со убедливи 4:1, правејќи голем чекор кон квалификациите. Холандскиот тим поведе во 13. минута со голот на Свен Мијнанс, но седум минути подоцна израмни Роланд Салаи. АЗ дојде до ново водство во 37. минута со голот на Трој Парот од пенал. Во вториот дел домашните постигнаа уште два гола, а стрелци беа Џорди Класи (57) и Дејвид Молер Волф (66). Галатасарај играше без исклучениот Каан Ајхан од 51. минута.
Одличната вечер за холандските клубови беше заокружена со победи на Твенте и Ајакс. Твенте славеше со 2:1 против Бодо/Глимт, додека Ајакс на гостински терен го совлада Унион Сен Жилоаз со 2:0.
Твенте поведе во петтата минута со голот на Сајфала Лтаиф, израмни Патрик Берг во 85. а победата на домашните ја донесе Рики ван Волфсвинкел со гол од пенал во петтата минута од судиското надополнување.
Ајакс победи со 2:0 во Брисел против Унион Сен Жилоаз. „Копјаниците“ ја извојуваа победата со голови во второто полувреме, а погодоците ги постигнаа Кристијан Расмусен (59) и Жорти Мокио (71).
Реал Сосиедад како гостински тим го совлада Митјиланд со 2-1. За шпанскиот тим погодија Браис Мендез од пенал (11) и Такефуса Кубо (32), додека за Данците стрелец беше Адам Букса (32).
Фенербахче убедливо со 3:0 победи против Андерлехт. За турскиот тим погодија Душан Тадиќ (11), Един Џеко (43) и Јусеф Ен Несири (57).
Ференцварош ја совлада Викторија Плзен со 1:0 со голот на Мохамад Абу Фани (23).
Реваншите се на 20 февруари.
Слични новости
Бостон ја забележа деветтата последователна победа
Бостон Селтикс ја продолжи победничката серија на девет натпревари откако синоќа на домашен терен ја совлада Јута Џез со 114:108, а Сем Хаузер постигна девет „тројки“ и постигна рекордни 33 поени за победа на домашната екипа
Лејкерси без Леброн загубија од Бруклин 108:111
Бруклин Нетс утринава славеа против Лејкерс со 111:108 во првиот меч на кој Лејкерс настапија без Леброн Џејмс по неговата повреда на левата препона.
Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите