Фудбалерите на Ливерпул забележаа нова победа во англиската Премиер лига, совладувајќи го Њукасл со 2:0 на својот „Енфилд“ во натпреварот од 27. коло.
Ливерпул е сѐ посигурен на патот кон нова титула во Премиер лигата. По оваа победа, но и ремито на Арсенал, Ливерпул има 13 бода повеќе од најблискио ривал. Арсенал има натпревар помалку.
Ливерпул постигнуваше по еден гол во секое полувреме во победата против Њукасл. Во 11. минута Унгарецот Шобошлаи погоди за 1:0, додека во 63. дуелот го затвори Аргентинецот Мак Алистер со погодок за 2:0. Тоа беше 20-та првенствена победа за Ливерпул сезонава.

Фудбалерите на Манчестер Сити забележаа победа на гости оваа среда славејќи со минимални 1:0 кај Тотенхем. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Норвежанецот Халанд во 12. минута. Тотенхем беше подобар во преостанатиот дел од натпреварот, но не успеа да направи пресврт или да дојде барем до бод. Најдобрите шанси ги имаа прво Сон во 84. минута, кога одлично реагираше голманот на гостите Едерсон, а потоа и Сар, кој шутираше над голот во судиското продолжување.
Манчестер Сити се врати на четвртото место на табелата.
Немаше победник ниту погодок во дербито на колото, третопласираниот Нотингем Форест и второпласираниот Арсенал ремизираа 0:0, со што Арсенал направи уште еден чекор назад во потераа по лидерот Ливерпул.
Манчестер Јунајтед сосема заслужено го совлада Ипсвич со 3:2 на својот „Олд Трафорд“, иако цело второ полувреме беше со играч помалку поради црвениот картон на Доргу во 43. минута.
Гостите од Ипсвич поведоа со голот на Филоген во четвртата минута, додека гостите постигнаа и втор гол, но во 22. минута Морси си постигна автогол. Во 26. минута Манчестер Јунајтед по голот на Де Лихт поведе со 2:1, а во судиското надополнување Филоген погоди вторпат на „Олд Трафорд“ и израмни на 2:2. Решавачкиот гол, на стартот од вториот дел, го постигна Мегваер.
Манчестер Јунајтед и понатаму е ниско на табелата, на 14. место.
Брентфорд и Евертон одиграа нерешено 1:1, а домашниот тим поведе по голот на Виса во судиското надополнување на првото полувреме, додека конечниот резултат го постави О’Брејн во 77. минута.
Последниот натпревар од оваа рунда ќе го одиграат во четврток Вест Хем и Лестер.

Слични новости
Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона
Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност што потенцијално доведе до смрт на аргентинската фудбалска икона
Тренерот на Фенербахче Мурињо го предупреди Ренџерс да не слави предолго
Тој рече дека не е задоволен од играта на своите играчи, но дека е среќен што загубиле само со два гола разлика, затоа што можеле да загубат и повеќе.
Лејкер водени од Дончиќ и Леброн по продолжение ги совладаа Никс
Иако со многу проблеми, Лос Анџелес Лејкерс дојде до осмата победа во низа откако утринава на домашен терен ги победија Њујорк Никс со 113:109 по продолжение