Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар Ливерпул победи со 1:0 со гол на Харви Елиот пред самиот крај на мечот, но на теренот ПСЖ беше подобар тим.

„Ливерпул мора да одигра подобро отколку на првиот натпревар. Против нас имаме компелетен тим, најквалитетниот против кого сме играле сезонава“ изјави Слот пред натпреварот.

 

„Сезонава игравме против Манчестер Сити и Арсенал, исто така многу силни клубови но ПСЖ е комбинајција на квалитет, добро водење од клупата и неверојатен интензитет во играта“ вели Слот.

Ливерпул сезонава има загубено само еден натпревар на Енфилд против Нотингем Форест во септември, а во тимот од повреда се враќа холандскиот напаѓач Коди Гакпо.

 

Слични новости

Бостон ја забележа деветтата последователна победа

Бостон ја забележа деветтата последователна победа

Бостон Селтикс ја продолжи победничката серија на девет натпревари откако синоќа на домашен терен ја совлада Јута Џез со 114:108, а Сем Хаузер постигна девет „тројки“ и постигна рекордни 33 поени за победа на домашната екипа