Фудбалерите на Ливерпул денеска извојуваа тешка победа на гости против незгодниот тим на Бормут со 2 :0 со головите на Мохамед Салах.

Водечкиот гол за Ливерпул Мо Салах го постигна од пенал по интервенција од ВАР собата во 30-тата минута, а конечниот резултат го постави во 75-тата минута на асистенција на Џоунс.

Со оваа победа Ливерпул има 56 бодови од 23 натпревари, а Арсенал има 47 бодови од исто толку натпревари. Нотингем Форест е на третото место, исто така со 47 бодови по денешниот убедлив триумф од 7:0 против Брајтон.

Утре се игра дерби натпреварот во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер сити.

 

Слични новости