Фудбалерите на Ливерпул денеска извојуваа тешка победа на гости против незгодниот тим на Бормут со 2 :0 со головите на Мохамед Салах.
Водечкиот гол за Ливерпул Мо Салах го постигна од пенал по интервенција од ВАР собата во 30-тата минута, а конечниот резултат го постави во 75-тата минута на асистенција на Џоунс.
Со оваа победа Ливерпул има 56 бодови од 23 натпревари, а Арсенал има 47 бодови од исто толку натпревари. Нотингем Форест е на третото место, исто така со 47 бодови по денешниот убедлив триумф од 7:0 против Брајтон.
Утре се игра дерби натпреварот во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер сити.
Слични новости
Барселона ја декласираше Валенсија со 7:1
Фудбалерите на Барселона беа видно расположени се инспирираа и ја совладаа Валенсија со 7:1 на домашен терен во последниот натпревар во неделната програма од 21. коло од шпанската Ла Лига
Фиорентина на гости кај Лацио ја прекина серијата без победа
Во последниот натпревар од неделната програма од 22. коло во италијанското фудбалско првенство, Фиорентина го совлада Лацио со 2:1 на гостински терен и ја прекина серијата од седум натпревари без победа
Манчестер Јунајтед славеше против Фулам
Во последниот натпревар од 23. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Јунајтед го совлада Фулам на гостински терен со 1:0