Фудбалерите на Ливерпул денеска извојуваа тешка победа на гости против незгодниот тим на Бормут со 2 :0 со головите на Мохамед Салах.
Водечкиот гол за Ливерпул Мо Салах го постигна од пенал по интервенција од ВАР собата во 30-тата минута, а конечниот резултат го постави во 75-тата минута на асистенција на Џоунс.
Со оваа победа Ливерпул има 56 бодови од 23 натпревари, а Арсенал има 47 бодови од исто толку натпревари. Нотингем Форест е на третото место, исто така со 47 бодови по денешниот убедлив триумф од 7:0 против Брајтон.
Утре се игра дерби натпреварот во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер сити.
Слични новости
Голден Стејт го победи водечкиот тим на западот Оклахома и покрај 52 коша на СГА
Кај Оклахома Шеи Гилџес Александар постигна 52 коша, а Џејлен Вилијамс 26, но и покрај тоа Тандерс го загубија мечот од Голден Стејт кој се бори за пласман во плеј офот.
Лига на шампионите: Прв пораз на Ливерпул, Сити се извади
Во последното, осмо коло од новиот формат на Лигата на шампионите, ПСВ Ајндховен го совлада Ливерпул со 3:2, нанесувајќи им го на „црвените“ првиот пораз сезонава
Рома сака да го донесе Касемиро на позајмица, но проблем е неговата огромна плата
И покрај тоа што е најплатен играч на Јунајтед, со годишна плата од 23 милиони евра, Касемиро се најде во немилост кај новиот тренер Рубен Аморим