Во дуелот меѓу Ливерпул и Брајтон домаќините на Енфилд одиграа одличен натпревар што го добија со 2:0.  

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме откако Ливерпул поведе во 17-тата минута со автогол на Паскал Грос, а конечните 2:0 ги постави Александар Исак во 21-та минута.

По 8 кола во Премиер лигата во водство се Манчестер сити и Арсенал кои имаат по 21 бод, трет е Брајтон со 15 бодови, Ливерпул е четврти со 15 бодови, а Челси кој вчера загуби 2:0 од Тотенхем падна на петтото место со 13 бодови.

Слични новости

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Иако за неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Барцелона, Ромеро на крај го избра Атлетико Мадрид, а клучната улога во преговорите ја имаше тренерот на Атлетико, сонародникот на Ромеро Аргентинецот Диего Симеоне.