Европската комисија донесе одлука со која босанското „Ливањско сирење“ е вклучено во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско потекло.
„Ливањското сирење“ е тврдо полномасно сирење произведено од кравјо или овчо млеко или пак од мешавина од двете во регионот на босанскиот град Ливно.
Тоа се карактеризира со слаткаст вкус, но со текот на времето станува пикантно.
Специфичната арома на ова сирење се должи на локалните ароматични билки кои растат во регионот под влијание на мешавината на медитеранска и континентална клима.
Пасејќи ги овие билки кравите и овците ја пренесуваат нивната специфична арома на млекото што го даваат, од кое потоа се произведува „Ливањското сирење“ со својот карактеристичен вкус.
Ова сирење има традиција на производство во реонот на Ливно подолга од еден век.
Со одлуката на ЕК, отсега под брендот „Ливањско сирење“ ќе може да се продаваат само сирењето произведени од реонот на Ливно, врз основа на традиционалните методи што се пренесуваат од колено на колено.
„Ливањско сирење“ станува 3,639-от земјоделски производ во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско потекло.
Слични новости
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник
Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“
Во Брисел во вторникот се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на која за земјава беше отворен Кластерот 6 за надворешна политика