Европската комисија донесе одлука со која босанското „Ливањско сирење“ е вклучено во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско потекло.
„Ливањското сирење“ е тврдо полномасно сирење произведено од кравјо или овчо млеко или пак од мешавина од двете во регионот на босанскиот град Ливно.
Тоа се карактеризира со слаткаст вкус, но со текот на времето станува пикантно.
Специфичната арома на ова сирење се должи на локалните ароматични билки кои растат во регионот под влијание на мешавината на медитеранска и континентална клима.
Пасејќи ги овие билки кравите и овците ја пренесуваат нивната специфична арома на млекото што го даваат, од кое потоа се произведува „Ливањското сирење“ со својот карактеристичен вкус.
Ова сирење има традиција на производство во реонот на Ливно подолга од еден век.
Со одлуката на ЕК, отсега под брендот „Ливањско сирење“ ќе може да се продаваат само сирењето произведени од реонот на Ливно, врз основа на традиционалните методи што се пренесуваат од колено на колено.
„Ливањско сирење“ станува 3,639-от земјоделски производ во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско потекло.
Слични новости
Во Атина уапсени службеници во пристаништето поради вмешаност во трговија со кокаин
Двајца раководители на терминалите за контејнери се уапсени бидејќи биле вмешани во ланец на трговија со кокаин, соопшти грчката гранична полиција....
НАТО: Србија сама треба да одлучи какви односи сака со Алијансата
На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора